1999 – ПРВА GLOBE ОБУКА

ПРВА GLOBE ОБУКА – одржан од 5 ти до 7 ми февруари 1999 година, во Струга. На семинарот GLOBE тренерите обучија 15 наставници од првите пет училишта вклучени во GLOBE програмата и тоа: ОУ „Пере Тошев” од Прилеп; ДЦУ ” Гоце Делчев” од Валандово; “Нико Нестор” од Струга; О.У. “Димитар Миладинов” од Скопје и О.У. “Гоце Делчев” од Ресен. Треба да се нагласи дека на истиот беа опфатени три од четирите области на GLOBE набљудувањата и мерењата, односно без делот за почва, кој сеуште не е доволно разработен и ќе биде опфатен во подоцнежниот период.