ВТОРА GLOBE ОБУКА – одржан од 8ми до 10ти Април 2000 година, во Берово. Семинар за обука на GLOBE наставници организиран од страна на Министерството за животна средина на Република Македонија, Педагошкиот Завод на Република Македонија, и Мировниот Корпус во Република Македонија на кој беа обучени наставници од четирите нововклучени училишта. Во овие четири нови училишта доброволците од американскиот мировен корпус соработуваат со своите македонски колеги за имплементирање на GLOBE програмата. По завршувањето на GLOBE семинарот во Берово наставниците веќе започнаа со работа со учениците во своите училишта.