2000 – Конференција во Рабац – Лабин, Хрватска 2000

GLOBE конференција во Рабац – Лабин, Хрватска од 27 до 30.06.2000 година

Учениците и наставниците од трите најактивни GLOBE училишта во Македонија имаа можност да патуваат во Лабин, Хрватска каде присуствуваа на тродневна GLOBE конференција. Македонската гурпа која присуствуваше на конференцијата во Хрватска ја сочинуваа:

  1. УСО „Нико Нестор” – Струга, професорка Лилјана Кукунеш, ученици – Климент Санџакоски и Санела Гоговска
  2. О.У. „Пере Тошев” – с. Дупјачани, професор Жарко Гиновски, ученици – Анела Адиловиќ и Мирјана Смилеска
  3. ДСУ „Гоце Делчев” – Валандово, професор Милан Гугицев, ученици – Ѓорѓи Павлов и Маја Органџиева
  4. Џоелин Рајнек – претсатвичка на американскиот Мировен Корпус во Македонија која работи на програмата GLOBE во  Министерството за животна средина.

Македонските учесници имаа можност да ги пренесат искуствата во однос на спроведувањето на програмата GLOBE во нашата земја како и да научат како хрватските ученици работат на програмата GLOBE.

Учениците подготвија презентација со фотографии и информации преку кои се претстави спроведувањето на програмата GLOBE во македонските училишта. На хрватските ученици македонската група им подели брошури за “GLOBE во Македонија” и примероци од весникот “GLOBE”, а сите учесници имаа можност да ги видат презентациите на македонските училишта и меѓусебно да ги споделат нивните знаења и искуства за програмата GLOBE.

Вториот ден вклучуваше индивидуални презентации на училиштата на кои беа претставени нови идеи за заеднички проекти и GLOBE истражувачки проекти. Беше определен и термин за интерактивни игри и посета на најатрактивните локални историски места.

Последниот ден во текот на утрото се изведуваа теренски активности, а потоа се одржа завршната церемонија со која се затвори конференцијата, на која нашите ученици беа претставени како специјални гости и им беа предадени материјали за програмата GLOBE во Хрватска. Исто така попладнето двајца од македонските ученици беа поканети да зборуваат на „Истра Радио Програма” и тие тогаш го искажаа своето искуство од конференцијата во Лабин; својата работа на програмата GLOBE во Македонија како и благодарноста за гостопримството на кое наидоа во Лабин.

Ова патување беше спонзорирано од страна Канцеларијата за односи со јавноста на Американската Амбасада во Македонија и Министерството за животна средина на Република Македонија. фотографии