2000 – ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

СТРУГА

На 20 април 2000 година, Амбасадорот на САД во Република Македонија и Министерот за животна средина, го посетија средното училиште “Нико Нестор” од Струга и свечено му ја доделија престижната GLOBE награда „Почесна  награда за научници ” титула која се доделува за извонредно корисни податоци доставени до GLOBE серверот и која ја добија и повеќе од вклучените училишта во Програмата во Македонија. Најмногу вакви награди досега има добиено средното училиште “Ибраим Темо – Нико Нестор” од Струга, за нивната непрекината работа при доставување на податоци за извршените преку 3000 мерења годишно. 

СКОПЈЕ

На 21.04.2000 година во Педагошкиот завод на Македонија по повод денот на “Екологијата”, 21 март и денот на Планетата Земјата”, 22 април, организиран е Детски ликовен натпревар на тема “Земјата-наш дом”. Конкурсот беше објавен во сите училишта вклучени во GLOBE Програмата, како дел од акцијата за развивање на еколошката свест и дополнување на сликата за животната средина на земјината топка, За најдобрите ликовни и литературни творби поделени се пригодни награди.