СКОПЈЕ
По повод 22 април Денот на планетата Земја, 2001 година беше одржан Национален ученички истражувачки натпревар на проектот GLOBE. Училиштата вклучени во Програмата преку истражување и прегледување на податоците, поставување на прашања и развивање на хипотези, како и преку развивање на методологии и анализи, со интерпретација, заклучок и комуникација се натпреваруваа со единствена цел популаризација и унапредување на глобалното учење и набљудување во полза на животната средина.