ТРЕТА GLOBE ОБУКА – одржан од 16 ти до 19 ти јуни 2005 година, во детското одмаралиште „Малешево„ во Берово, На семинарот се изврши обука на наставници кои ќе ја спроведуваат GLOBE програмата во училиштата во Македонија. Организатор на Семинарот е Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Мировниот корпус во Македонија и Министерството за наука и образование.
На обуката присуствуваа GLOBE наставниците од 11 училишта од Македонија и двајца доброволци на Мировниот корпус кои се вклучени со свои активности во нашите GLOBE училишта.
Со предавања и практични вежби беа обработени четири области: атмосфера, хидрологија, далечинска детекција и земјина покривка, а електронскиот внес на податоци беше практициран во ЦСУ„Ацо Русковски„ во Берово.
Предавањата ги водеа македонски GLOBE-тренери, а за обработувањето на новите протоколи во GLOBE областите, беа поканети предавачи од Хрватска. Хрватска во моментов е една од земјите со најразвиена мрежа на GLOBE училишта.