Работна посета од Прилеп во Лабин
На ден 28.09.2006 се оствари првиот чекор од соработката помеѓу средното училиште Мате Блажина од Лабин, Хрватска и средното училиште Орде Чопела од Прилеп. Професорката Наталија Ацеска го посети училиштето каде што ја пречекаа одговорните професорки за GLOBE програмата, Чеда Перко и Мира Хрватин. Во една релаксирана и пријателска атмосфера се разменија многу искуства, мислења и идеи за понатамошни заеднички активности. Како резултат од таа средба произлезе потпишување на меморандум за соработка во рамките на GLOBE програмата од страна на директорите на инволвираните училишта.
