2007 – Дубровник, Хрватска

Во рамките на програмата GLOBE од 02ри до 07ми ноември 2007 година во Дубровник, Хрватска се одржа меѓународен GLOBE семинар на која беа поканети Националниот координатор и наставници од училиштата во Република Северна Македонија каде активно се спроведува GLOBE програмата. 

На семинарот се одржа обука за тренери за сите протоколи од основен и напреден степен, за сите медиуми (атмосфера, хидроологија, почва и земјина покривка). Учесниците на семинарот добија сертификат за GLOBE тренери и ќе можат да спроведуваат обука на професорите од училиштата во Републиката вклучени во програмата, за основните и напредните протоколи, на националните GLOBE семинари.

GLOBE Македонија беше претставена од наставникот Наталија Ацеска од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп.