2008 – Работна посета од Прилеп во Лабин

Работна посета од Прилеп во Лабин

Во април 2008 година, во рамки на GLOBE програмата училишето СОУ,,Орде Чопела,, оствари посета на средното училиште „Мате Блажина“- Лабин Република Хрватска. Тимот на СОУ „Орде Чопела“ се состоеше од 12 ученици, предводени од четворицата професори кои ја спроведуваат GLOBE Програмата и директорката Славица Петровска.  

За време на престојот беше одржан час по историја и спорт и спортски активности. Учениците и професорите беа примени од директорот на училиштето и заменикот на градоначалникот на Лабин. Беа посетени стариот дел од Лабин, музеј и други знаменитости.

Во рамки на GLOBE Програмата учениците заеднички работеа на  испитување на вода и почва, и разменија значајни искуства. Одржана беше смотра на двете училишта, од страна на СОУ „Орде Чопела“ беше организирана модна ревија  инспирирана од активностите на GLOBE.