2008 – ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

ПРИЛЕП

На 22 април 2008 година, по повод 10 години GLOBE во Македонија и Денот на Планетата Земја, во Прилеп се одржаа Првите GLOBE Смотри. На настанот присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Градоначалникот на Прилеп, Пратеници од Собранието на Република Македонија и GLOBE тимовите од училиштата вклучени во Програмата. На манифестацијата сите училишта имаа презентација за спроведените активности во рамки на GLOBE Програмата. Училиштето домаќин, имаше презентација за посетата на почетокот од април 2008, на училиштето Мате Блажина од Лабин, Република Хрватска. Од страна на претставникот на Министерството за животна средина и просторно планирање беа презентирани добрите практики за имплементација на GLOBE Програмата во наставата, во училиштата од Република Хрватска. Професорката од училиштето во Прилеп, имаше кратка презентација за примери на други едукативни проекти реализирани со помош на GLOBE Програмата.