Во организација на програмата GLOBE – Глобално учење и набљудување во полза на животната средина за Европа, од 14 до 20 април 2009 година во Булаж, Швајцарија се одржа 5та GLOBE конференција на која учествуваа Националните координатори на 18 земји од Европа и Евроазија.
Главна цел на конференцијата бeше земјите да го претстават напредокот во спроведувањето на програмата, размена на позитивните искуства, обука за протоколите за почва и презентација на поединечни проекти кои се поврзани со GLOBE програмата.
На конференцијата беа презентирани:
- заедничкиот проект помеѓу неколку европски земји за Карбо училишта, кој како пример за добра практика може да биде вклучен во сите земји.
- Учеството на GLOBE алумни и вклучување на повеќе училишта во спроведувањето на програмата
- Користење на податоците од сателитите и нивна примена во спроведувањето на GLOBE
- спроведувањето на протоколот за Earth System Science, со посебен осврт на делот за фенологија, проектот за Carbon Cycle и метеорологијата во училиштата
- проектот за ClimAtoscope кој работи на разбирање на проблемите за климатските промени.
Во Сеизмолошкиот институт во Цирих беше претставен проектот за следење на сеизмолошките промени на земјата.
Националните координатори од сите земји учеснички поединечно известија за напредокот во спроведување на програмата, се дискутираше за тековните активности на GLOBE за Европа канцеларијата и нејзините обврски, начинот на финанстрање и беше направен план за работа за следната година.











