2010 – Охрид, Северна Македонија

Во 2010 година, Македонија беше домаќин на 6-та Годишна конференција на GLOBE Европа и Евроазија (1-6 Јуни, Охрид). На настанот беа присутни околу 70 учесници од 23 земји од Европа и Евроазија.

Официјално конференцијата ја отвори г-дин Неџати Јакупи, Министер за животна средина и просторно планирање, а на отворањето учествуваа и г-дин Никола Тодоров, Министер за образование и наука, Н.Е. Филип Рикер, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија и г- дин Александар Петревски, Градоначалник на Охрид. Ова високо ниво на присуство ја рефлектираше важноста на GLOBE активностите во Република Северна Македонија и благородноста на GLOBE мисијата, нејзините цели и достигнувања.

Поздравен говор министер Неџати Јакупи

Поздравен говор министер Никола Тодоров

Поздравен говор Амбасадор Филип Рикер