Од 08 до 12 април 2013 година во Талин, Естонија се одржа деветтата GLOBE конференција на која учествуваа Националните координатори на сите земји од Европа и Евроазија. Активностите се одвиваа во четири работни дена. Се одржа обука за администрирање и користење на новата веб страна на Програмата, од страна на претставник на GLOBE од Америка.
Учесниците од секоја земја поединечно, доставија и го презентираа, извештајот за спроведување на активностите на земјата во рамките на GLOBE Програмата.
Исто така, беа презентирани искуствата од земјите во однос на учество во проекти кои се спроведуваат и редовните активности во рамки на Програмата. Објаснет беше начинот и можностите за аплицирање за средства за одредени проекти од Comenius Programme.














