Во рамките на GLOBE Програмата од 26ти до 30ти септември 2016 година во Келн, Германија се одржа меѓународен GLOBE семинар на кој присуствуваше Националниот координатор од Република Северна Македонија. Првите два дена беа посветени на активностите на националните кординатори каде, Националниот координатор Катерина Николовска, ја презентираше работата на училиштата од Северна Македонија вклучени во програмата.
Во периодот од 27ми до 30ти септември се одржа обука за тренери за сите протоколи од основен и напреден степен, за сите медиуми (атмосфера, хидроологија, почва и земјина покривка). Учесниците на семинарот добија сертификат за GLOBE тренери и ќе можат да спроведуваат обука на професорите од училиштата во Републиката вклучени во програмата, за основните и напредните протоколи, на националните GLOBE семинари.











