2018 – Тулуз, Франција

Од 11ти до 16ти ноември 2018  година во Тулуз, Франција, се одржа годишна конференција на националните GLOBE координатори за Европа и Евроазија во рамки на програмата GLOBE – Глобално учење и набљудување во полза на животната средина на која учествуваа претставници од 23 земји.

Особено корисни беа споделените искуства помеѓу земјите учеснички.

Учесниците од секоја земја имаа презентација за спроведување на активностите на земјата во рамките на GLOBE Програмата

Се одржа обука за спроведување на протоколите за атмосфера и хидроологија и обука за GLOBE тренерите

Се дискутираше за учество во проекти кои се спроведуваат во рамките на програмата и администрирање и користење на новата веб страна на Програмата

Се разгледуваше програмата за работа и стратешкиот план за 2019 година