Од 20ти до 25ти октомври 2019 година во Трст, Италија, се одржа редовна годишна конференција на националните GLOBE координатори за Европа и Евроазија во рамките на програмата GLOBE – Глобално учење и набљудување во полза на животната средина на која учествуваа претставници од 21 земја.
На конференцијата од Македонски Информативен центар за животна средина, учествуваше националниот координатор Катерина Николовска, која ги спроведува активностите на GLOBE програмата во Македонија, а истовремено е и GLOBE тренер.
Особено корисни беа споделените искуства помеѓу земјите учеснички.
Учесниците од секоја земја имаа презентација за спроведување на активностите на земјата во рамките на GLOBE Програмата
Се одржа обука за спроведување на протоколите за атмосфера, хидроологија, клима, биодиверзитет и обука за GLOBE тренерите
Се дискутираше за учество во проекти кои се спроведуваат во рамките на програмата и администрирање и користење на новата веб страна на Програмата
Од страна на директорот на GLOBE Програмата беше презентиран степенот на реализација на програмата за работа и стратешкиот план за 2019 година
Посебен акцент беше даден на прославата на 25 додишнината од GLOBE Програмата во земјите
Основното училиште„Даме Груев“ од Битола беше пофалено за активностите кои ги спроведува во рамки на кампањата за фенологија
