2021 – ОСМА GLOBE ОБУКА

ОСМА GLOBE ОБУКА – Прв дел

По повод 22 април, Денот на планетата Земја и рестартирање на GLOBE Програмата во Северна Македонија, на 22 и 23.04.2021, со учество на 159 учесници од Северна Македонија, Хрватска и Словенија се одржа Прва заедничка GLOBE on-line обука за професорите од Северна Македонија, Хрватска и Словенија. На обуката како гости се приклучија и учесници од Црна Гора.

Целта на оваа обука беше ново вклучените професори да се обучат за спроведување на активностите од Програмата, а професорите кои имаат искуство, да се запознаат со новите протоколи, со што ќе се овозможи успешно имплементирање на истата. 

Тренерите од Северна Македонија, обуката за професорите, заеднички ја одржаа со тренери од Хрватска и Канцеларијата за координација на GLOBE Европа и Евроазија кои несебично веднаш ја прифатија поканата да бидат едукатори на обуката. 

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини го отвори настанот нагласувајќи дека не постои подобар начин за одбележување на Денот на планетата Земја, од започнување на едукативна програма што ќе им ја приближи на младите животната средина и ќе им даде можност да ја сфатат потребата за нејзина заштита.

На отварањето на обуката се обратија и министерката за образование и наука Мила Царовска која нагласи дека децата во училиште треба да научат да ја сакаат и да ја спасат планетата Земја, потоа амбасадоркатата на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и Дана Вотапкова претставник од Канцеларија за координација во регионот на Европа и Евроазија.

Рестартирањето на имплементацијата на GLOBE програмата во нашата држава беше  обезбедено со донација од страна на Американската Амбасада, како средства за одржување на оваа обука во соработка, со Канцеларијата за координација на GLOBE Европа и Евроазија. Исто така, во рамки на оваа донација планирана е набавка на инструменти, хемикалии и други средства кои се неопходни за професорите и учениците да можат ефективно да ги извршуваат планираните активности и обуки.