Под менторство на наставникот Кристина Полизивска, учениците: Андреа Нешковска, Јана Марковска, Анастасија Стерјева, Аурора Де Ангелис, Наталија Димитровска, Тамара Темелковска и Бисера Салевска, од ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола, кои редовно учествуваат во мерењата на хидролошките параметри на вода од реката Драгор, по повод „Водите во пролет“, на настанот организиран од страна на ГЛОБЕ Италија во чест на Денот на водите. Нивниот проект беше насловен како „Следење на хидролошки параметри и значење на питките води“. Во него најпрво ја опишаа локацијата од каде земаат примероци вода, а потоа ги опишаа мерењата од протоколот Хидрологија и ги прикажаа резултатите од изминатите три учебни години. Со тоа се истакна значењето на следењето на параметрите и континуитетот во нивната работа, при што потенцираа дека нема големи промени во резултатите и дека состојбата со водата е добра. Резултатите од проектните активности ги претставија со следната презентација.

