2023 – Water bodies challenge

Под менторство на наставникот Кристина Полизовска во учебната 2023/23 година, учениците од ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола, успешно се вклучија во предизвикот Water bodies challenge кој го организираше GLOBE канцеларијата за источна Европа. Целта на настанот беше да се реализираат што повеќе еколошки активности поврзани со локацијата од каде што земаат пимероци на вода, односно реката Драгор која се наоѓа во непосредна близина на училиштето. Учениците избраа и реализира повеќе активности и тоа: селфи на самата локација, постер презентација за мерењата, кратко видео за истите и редовно внесување на податоци на GLOBE серверот.

За успешно реализираните активности училиштето и учениците се стекнаа со „Water bodies challenge badge“ за 2023 година. Учениците се забавуваа и на интересен начин ги прикажаа активностите кои беа забележани и од останатите членови на GLOBE семејството во светот.