На почетокот на учебната 2012/13 година беше организиран Истражувачки викенд на Пелистер при што учениците кои беа сместени во Детскиот рекреативен центар имаа можност да спроведат истражување поврзано со GLOBE програмата која се реализира во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола.
Истражувањето беше под менторство на професорката по биологија и хемија Полизовска Кристинa и се состоеше од прибирање и споредување на податоци од мерења на хидролошки параметри како што се:
- температура на вода,
- pH вредност,
- алкалност и
- спроводливост
во примероци земени од чешми на неколку локации во близина на Детскиот рекреативен центар.
При спроведувањето на истражувањето беа забележани следните податоци од соодветните локации:
|
Локација |
Температура на вода °C |
pH вредност |
Алкалност mg |
Спроводливост микросименси |
|
„ДЕТСКО ОДМОРАЛИШТЕ“ |
11 |
5 |
60 |
0,03 |
|
„чешма МОЛИКА“ |
15 |
5 |
45 |
0,01 |
|
„12 КЛАДЕНЦИ“ |
7 |
5 |
75 |
0,04 |
|
„ЛАСТОЈЧИН КАМЕН“ |
10 |
5 |
45 |
0,06 |