2024 – Виена, Австрија

Од 14 до 17 април во Конгресниот центар во Виена (Austria Center Vienna), GLOBE тренерите Ружица Јагуриноска и Каролина Дамјаноска се претставија со постер-презентацији на тема „Teaching Climate Change at School“.

Се зборуваше за активностите, мерењата и внесувањето на податоци во GLOBE мрежата како начин за зголемување на свесноста за климатските промени. GLOBE активностите се спроведени со учениците во СОУ „Орде Чопела“- Прилеп преку спроведување на протоколот Атмосфера и Педосфера од GLOBE програмата.

Тема на оваа Конференција за Геонаука  (EGU General Assembly 2024- GIFT workshop ) во Виена за 2024 беше „Промената на климата на нашата планета“ за која цел се испечатени абстракти од Каролина Дамјаноска и од Ружица Јагуриноска.

На конференцијата имаше вкупно 20.979 регистрирани, присутни 18.388 кои патуваа до Виена од вкупно 116 земји и 2.591 кои се приклучија преку Интернет од 109 земји.

ЛИНК