2023 – Виена, Австрија

Од 23 до 28 април 2023 година, во Виена, Австрија и онлајн се одржа Генералното собрание 2023 на Европската унија за геонауки (EGU). GLOBE тренерот Ружица Јагуриноска се претстави со постер-презентација на тема ,,Точните информации се моќ”. Таа зборуваше за вршење континуирани мерења на температурите на почвата, структура, конзистентност, плодност, pH средина, земање примероци од почва со ,,Star метода” од GLOBE протоколи за содржината на вода во почвата и внес на податоците во мрежата на GLOBE како прекрасно искуство за студентите кои го зголемуваат нивното знаење и свест. Континуирано истражување и самостојно собирање податоци за карактеристиките на почвата и деградацијата на почвата, ја зголемува свесноста на учениците за постигнатите резултати и желба за следно истражување. Генералното собрание на EGU23 пречека 18.831 регистрирани присутни, од кои 15.453 патуваа до Виена од 107 земји и 3.378 се приклучија преку Интернет од 105 земји. Беше голем успех со 16.357 презентации дадени во 938 сесии.