2023 – ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола како дел од GLOBE семејството во светот

На покана од координаторот на GLOBE Проектот од Министерство за животна средина и просторно планирање, учествувавме на GLOBE отворен ден кој се одржа во Скопје, во пролетта од 2023 година.  На овој настан учениците од ОУ „Св. Кирил и Меодиј“ ги претставија активностите и досегашните учества на виртуелни конференции, прикажани на постер презентација која за таа цел ја изработија ученичките Андреа Нешковска и Анастасија Стерјева.

Денот беше исполнет со дружење и претставуваше можност за размена на искуства помеѓу повеќето тимови од Македонија кои се вклучени во GLOBE проектот. Учениците следејќи ги активностите и презентациите на другите тимови, добиваа идеи за реализирање на понатамошни проекти поврзани со сите GLOBE протоколи.

Исто така, на настанот присуствуваше и тогашниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, што секако беше од големо значење за присутните.