На работилница во “Тереза” Едукативен Центар на GLOBE канцеларијата на Европа и Азија во Прага, Чешка, учествуваа националните GLOBE тренери на Северна Македонија Каролина Дамјаноска и Ружица Јагуриноска од СОУ „Орде Чопела” заедно со ментор тренери и тренери од Швајцарија, Франција, Геманија, Израел, Хрватска, Естонија, Латвија, Исланд и Холандија. Беше реализиран тренинг за постапка на оценување на идните GLOBE тренери и мастер тренери; мерења на терен; користење на податоците од мерењата со GLOBE протоколи во реализација со учениците од СОУ „Орде Чопела” понатамошна мотивација преку новините во GLOBE.




