Во рамките на GLOBE Програмата од 16ти до 20ти октомври 2023 година во Рига, Латвија се одржа меѓународен GLOBE семинар на која беа поканети Националниот координатор и наставници од училиштата во Република Северна Македонија каде активно се спроведува GLOBE Програмата. На семинарот се одржа обука за тренери за сите протоколи од основен и напреден степен, за сите медиуми (атмосфера, хидроологија, почва и земјина покривка). Учесниците на семинарот добија сертификат за GLOBE тренери и ќе можат да спроведуваат обука на професорите од училиштата во Републиката вклучени во програмата, за основните и напредните протоколи, на националните GLOBE семинари.GLOBE Македони ја беше претставена од наставниците Маре Жежовска Трајковски од ОУ „Стив Наумов“ – Битола, Игор Николовски од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – Ранковце и Игор Стојчевски од О.У „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка.
– Презентации
– Фотографии
На работилница во “Тереза” Едукативен Центар на GLOBE канцеларијата на Европа и Азија во Прага, Чешка, учествуваа националните GLOBE тренери на Северна Македонија Каролина Дамјаноска и Ружица Јагуриноска од СОУ „Орде Чопела” заедно со ментор тренери и тренери од Швајцарија, Франција, Геманија, Израел, Хрватска, Естонија, Латвија, Исланд и Холандија. Беше реализиран тренинг за постапка на оценување на идните GLOBE тренери и мастер тренери; мерења на терен; користење на податоците од мерењата со GLOBE протоколи во реализација со учениците од СОУ „Орде Чопела” понатамошна мотивација преку новините во GLOBE.
– Презентации
– Фотографии