СКОПЈЕ
На 22 април 2023 година, во Клуб на пратеници, Министерството за животна средина и просторно планирање го поддржа настанот под мотото „Инвестираме во знање – се грижиме за планетата“ каде преку постер и практични презентации GLOBE учениците ја дадоа својата визија за животната средина. Настанот го отворија министерката за животна средина г-ѓа Каја Шукова и заменик амбасадорот на САД г-дин Ерик Мејер. Активно учествуваа 20тина GLOBE училишта со преку 70 учесници.






