2024 – Европа и Евроазија

На 06 и 07 март се одржа Виртуелнaта студентска конференција за GLOBE Европа и Евроазија регионот. Следните наши училишта успешно не претставија на конференцијата: ОУ „Стив Наумов“ – Битола, ООУ „Петар Поп Арсов“ – Скопје, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, СОУ „Гоце Делчев“ Валандово и СОУ „Наум Наумовски Борче“ – Пробиштип. 

Особено сме горди на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола кои освоија награда за видео сторија и СОУ „Гоце Делчев“ Валандово кои освоија награда во категорија „Песна“.

Овие две училишта добија парична награда за учество на Студентската конференција Глобе која ќе се одржи на 22 април во Чешка.