2024 – Мелник, Чешка

На 22 април 2024, ученици од ОУ Св.Кирил и Методиј од Битола учествуваа на GLOBE конференција која се одржа во Мелник Чешка, по повод Денот на планетата Земја. На конференцијата имаа чест да се запознаат со Д-р Тони Марфи, директор на GLOBE канцеларијата во Америка пред кој успешно го презентираа својот проект и добија пофални зборови. Откако имаа интервју за активностите во училиштето се дружеа и со останатите тимови во GLOBE игрите. Благодарност до наставниците ментори Кристина Полизовска и Елизабета Каровска. 

Ова патување беше овозможено со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.