2024 – УНИЦЕФ

УНИЦЕФ

На 21.03.2024 Во организација на UNICEF MK  и Министерство за животна средина и ПП се одржа настан за образование за климатски промени. Преку практични примери, GLOBE учениците од СОУ „Орде Чопела Прилеп“, СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар и подрачното училиште ООУ „Гоце Делчев“ од Долни Дисан ги претставија протоколите по педосфера, хидросфера, атмосфера и биосфера. Сите заинтересирани може да ја видат работата која овие ученици заедно со нивните професори ја спроведуваат во нивната настава. Учество земаа и други организации кои се стремат кон заштита на животната средина преку различни практики, иновации и алатки за искуствено учење и учење во природа.