Во рамките на GLOBE Програмата од 13ти до 15ти ноември 2024 година во Љубљана, Словенија се одржа меѓународен GLOBE семинар на која беа поканети Националниот координатор и наставници од училиштата во Република Северна Македонија каде активно се спроведува GLOBE Програмата.
На семинарот се одржа обука за тренери за сите протоколи од основен и напреден степен, за сите медиуми (атмосфера, хидроологија, почва и земјина покривка). Учесниците на семинарот добија сертификат за GLOBE тренери и ќе можат да спроведуваат обука на професорите од училиштата во Републиката вклучени во програмата, за основните и напредните протоколи, на националните GLOBE семинари.
GLOBE Македонија беше претставена од наставниците: Милан Гугицев од СОУ „Гоце Делчев”, Валандово, Каролина Дамјаноска и Ружица Јагуриноска од СОУ „Орде Чопела”, Прилеп, Јасмина Драгеска и Павлинка Цонева од ООУ „Киро Глигоров“, Скопје, Костадин Димитриевски од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово и Гордана Крстевска и Валентина Тодорова од ООУ „Д. А. Габерот“, Демир Капија.