ЕДИНАЕСЕТТА GLOBE ОБУКА, Од 20 до 22 мај 2024 во Хотел Континентал, Скопје. Основна обука за нововклучени професори е организирана во склоп на проектот „ЕкоСТЕМ GLOBE: Зајакнување на образованието за животната средина“. Учество земаа 54 професори од 29 училишта низ цела Македонија. Во текот на трите дена, нашите пет GLOBE сертифицирани обучувачи по хидрологија, педосфера, хидросфера, атмосфера и GLOBE ноќе предаваа теоретска и практична настава по протоколите. На крајот од обуката Националниот координатор на GLOBE програмата при Министерството за животна средина и просторно планирање им додели на професорите сертификат за успешно завршена обука по GLOBE протоколите. По завршување на оваа обука, училиштата имаат можност да се стекнат со опрема и хемикалии потребни за спроведување на програмата.














