СКОПЈЕ
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со УНИЦЕФ на 05.06.2025 ја организираше својата прва годишна конференција „Заедно за оддржлива иднина“ токму на Меѓународниот ден на животната средина.
На конференцијата се одржаа две панел дискусии со учество на претставници од академијата, институциите, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата, едната посветена на заштита на природните ресурси, а другата за оддржлво управување со отпадот.
На настанот, исто така, се претставија и ученици и наставници од основни и средни училишта ширум државата кои се дел од програмата GLOBE заедно со Мрежата за искуствено учење каде ги презентираа нивните вештини во делот на истражување на квалитетот на воздухот, водата, почвата и биосферата.
Исто така со претставниците од Мрежата за искуствено учење разговаравме за можноста за поврзување на двете мрежи и за можна понатамошна соработка. На крајот од конференцијата доделивме и Благодарници за нашите најистакнати наставници.






