2026 – GLOBE ОБУКА ВО ВЕЛЕС

На 16ти и 17 ти јуни 2026 во Велес се одржа ГЛОБЕ обука за наставници од основните училишта како дел од проектот „Проширување и одржливост на Мрежата за искуствено учење” која се спроведува од Македонското еколошко друштво и РЕЦ, а е поддржана од УНИЦЕФ. Нашите ГЛОБЕ тренери ги претставија теоретски и практично протоколите на присутните наставници. Исто така беа претставени и можностите на Мрежата за искуствено учење како и прирачниците за искуствено учење од страна на РЕЦ. Промовирани беа и едукативните пакетите за Преспа.