2024 – ECO LOGIC

На 29.03.2024 на покана на Eco – Logic Националната координаторка заедно со двете ГЛОБЕ тренерки од СОУ Орде Чопела ја презентираа работата на GLOBE Програмата преку практични примери во Кочани на панел дискусијата Зошто граѓанска наука во образованието?

2024 – УНИЦЕФ

УНИЦЕФ На 21.03.2024 Во организација на UNICEF MK  и Министерство за животна средина и ПП се одржа настан за образование за климатски промени. Преку практични примери, GLOBE учениците од СОУ „Орде Чопела Прилеп“, СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар и подрачното училиште ООУ „Гоце Делчев“ од Долни Дисан ги претставија протоколите по […]

2023 – Базар во Крива Паланка

На 07.06.2023 се одржа Базар на зелени вештини за пoзелена иднина во склоп на  #EUGreenWeek во Europe House Kriva Palanka. Пред учениците и сите присутни ја презентиравме GLOBE Програмата и можностите кои ги нуди за сите љубители на природата.

2007 – Кавадарци

Во ноември 2007 година во Кавадарци, одржана е голема акција за пошумување на месноста Моклишко Езеро во близина на Кавадарци со околу 20 000 садници од четинарски и листопадни дрвни видови. Во акцијата учество зедоа и учениците вклучени во GLOBE Програмата

2008 – ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

ПРИЛЕП На 22 април 2008 година, по повод 10 години GLOBE во Македонија и Денот на Планетата Земја, во Прилеп се одржаа Првите GLOBE Смотри. На настанот присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Градоначалникот на Прилеп, Пратеници од Собранието на Република Македонија и GLOBE тимовите од училиштата вклучени во Програмата. На […]

2006 – ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

ПРИЛЕП Прослава на роденденот на GLOBE Програмата во Прилеп на 22 април 2006 година кој го спои заедно со прославувањето на Денот на Планетата Земја. На настанот присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Американската амбасада, Мировниот Корпус, сите GLOBE училишта од цела Македонија, како и сите ученици, наставници и директори на […]

2001 – ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

СКОПЈЕ По повод 22 април Денот на планетата Земја, 2001 година беше одржан Национален ученички истражувачки натпревар на проектот GLOBE. Училиштата вклучени во Програмата преку истражување и прегледување на податоците, поставување на прашања и развивање на хипотези, како и преку развивање на методологии и анализи, со интерпретација, заклучок и комуникација се натпреваруваа со единствена цел […]

2000 – ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

СТРУГА На 20 април 2000 година, Амбасадорот на САД во Република Македонија и Министерот за животна средина, го посетија средното училиште “Нико Нестор” од Струга и свечено му ја доделија престижната GLOBE награда „Почесна  награда за научници ” титула која се доделува за извонредно корисни податоци доставени до GLOBE серверот и која ја добија и повеќе […]