Erasmus+ мобилност и примена на GLOBE протоколите во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – Ранковце

Еразмус+Христијан Тодоровски Карпош

Во периодот од 27 до 30 април 2026 година, ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ од Ранковце беше домаќин на ученици и наставници од Основното училиште Тординци, Република Хрватска, во рамките на Erasmus+ групна мобилност на ученици.Една од клучните активности на мобилноста беше реализацијата на теренски истражувања преку GLOBE програмата. Учениците од двете училишта работеа заедно во […]

Еразмус+ и ГЛОБЕ протоколите во СОУ “Орде Чопела„ – Прилеп

Четвртата мобилност според Еразмус+ проектот GreenLabs4VET се одржа од 11 до 15 мај 2026 година во СОУ „Орде Чопела„ во Прилеп. Учество земаа ученици и професори од Шпанија, Малта, Грција и Македонија. Цел еден работен ден беше посветен на практичната имплементација на ГЛОБЕ протоколите коишто беа објаснети и водени од ГЛОБЕ тренерите Каролина Дамјаноска и […]

2025 – Stars and STEM stories – СОУ”Орде Чопела” Прилеп

Објавен текст на интернационалната веб страна на GLOBE за успешната СТЕМ приказна и континуираната работа со Педосфера протоколот на СОУ”Орде Чопела” Прилеп, објавен на Stars and STEM stories. Повеќе детали прочитајте на следниот ЛИНК.

2025 – Stars and STEM stories – Стојан Манолев од СОУ Гоце Делчев Валандово

Објавен текст на интернационалната веб страна на ГЛОБЕ за 25 годишната посветеност на нашиот наставник, обучувач и ментор тренер Стојан Манолев од СОУ Гоце Делчев Валандово објавен на Stars and STEM stories. Повеќе детали прочитајте на следниот ЛИНК.

2023 – СТЕМ Практики – Крива Паланка

На 9-ти октомври, во организација на Европската Куќа во Крива Паланка „Како со СТЕМ практики до позелени училишта“ учествуваа професорките Каролина Дамјаноска и Ружица Јагуриноска од СОУ „Орде Чопела“. Тие презентира успешни проекти од училиштето меѓу кои и програмата GLOBE со протоколите Атмосфера, Педосфера и ГЛОБЕ ноќе. После презентациите следуваше панел дискусија на темата.

2024 – Виена, Австрија

Од 14 до 17 април во Конгресниот центар во Виена (Austria Center Vienna), GLOBE тренерите Ружица Јагуриноска и Каролина Дамјаноска се претставија со постер-презентацији на тема „Teaching Climate Change at School“. Се зборуваше за активностите, мерењата и внесувањето на податоци во GLOBE мрежата како начин за зголемување на свесноста за климатските промени. GLOBE активностите се […]

2023 – Виена, Австрија

Од 23 до 28 април 2023 година, во Виена, Австрија и онлајн се одржа Генералното собрание 2023 на Европската унија за геонауки (EGU). GLOBE тренерот Ружица Јагуриноска се претстави со постер-презентација на тема ,,Точните информации се моќ”. Таа зборуваше за вршење континуирани мерења на температурите на почвата, структура, конзистентност, плодност, pH средина, земање примероци од […]

2024 – ECO LOGIC

На 29.03.2024 на покана на Eco – Logic Националната координаторка заедно со двете ГЛОБЕ тренерки од СОУ Орде Чопела ја презентираа работата на GLOBE Програмата преку практични примери во Кочани на панел дискусијата Зошто граѓанска наука во образованието?

2024 – Мелник, Чешка

На 22 април 2024, ученици од ОУ Св.Кирил и Методиј од Битола учествуваа на GLOBE конференција која се одржа во Мелник Чешка, по повод Денот на планетата Земја. На конференцијата имаа чест да се запознаат со Д-р Тони Марфи, директор на GLOBE канцеларијата во Америка пред кој успешно го презентираа својот проект и добија пофални зборови. Откако имаа интервју […]

2024 – Европа и Евроазија

На 06 и 07 март се одржа Виртуелнaта студентска конференција за GLOBE Европа и Евроазија регионот. Следните наши училишта успешно не претставија на конференцијата: ОУ „Стив Наумов“ – Битола, ООУ „Петар Поп Арсов“ – Скопје, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, СОУ „Гоце Делчев“ Валандово и СОУ „Наум Наумовски Борче“ – […]