2024 – ЕДИНАЕСЕТТА GLOBE ОБУКА

ЕДИНАЕСЕТТА GLOBE ОБУКА, Од 20 до 22 мај 2024 во Хотел Континентал, Скопје. Основна обука за нововклучени професори е организирана во склоп на проектот „ЕкоСТЕМ GLOBE: Зајакнување на образованието за животната средина“. Учество земаа 54 професори од 29 училишта низ цела Македонија. Во текот на трите дена, нашите пет GLOBE сертифицирани обучувачи по хидрологија, педосфера, хидросфера, атмосфера и GLOBE ноќе […]

2023 – ДЕСЕТТА GLOBE ОБУКА

ДЕСЕТТА GLOBE ОБУКА, – одржана од 05 до 07.12.2023 во Хотел Континентал, Скопје. На обуката се реализирани паралелни сесии на основна обука за нововклучени професори и напредна обука за вклучените професори.

2022 – ДЕВЕТТА GLOBE ОБУКА

ДЕВЕТТА GLOBE ОБУКА – одржана од 15 до 17.08.2022 во хотел Белведере Охрид. На обуката се реализирани теоретски предавања и практични вежби на GLOBE Програмата од страна на обучените тренери. Целта е обновување и проширување на постоечките знаења, обновување на контактите меѓу GLOBE училиштата, како и обучување на наставниците од нововклучените училишта.

2021 – ОСМА ПРАКТИЧНА GLOBE ОБУКА

ОСМА GLOBE ОБУКА  – Втор дел, Битола, Валандово и Скопје Вториот дел од осмата обука беше практична обука за професорите од Северна Македонија и се одржа со регионално групирање на училиштата во трите градови заради поефикасна обука на професорите. Програмата GLOBE беше промовирана и на вестите и утринската програма на телевизија СИТЕЛ од страна на Националниот […]

2021 – ОСМА GLOBE ОБУКА

ОСМА GLOBE ОБУКА – Прв дел По повод 22 април, Денот на планетата Земја и рестартирање на GLOBE Програмата во Северна Македонија, на 22 и 23.04.2021, со учество на 159 учесници од Северна Македонија, Хрватска и Словенија се одржа Прва заедничка GLOBE on-line обука за професорите од Северна Македонија, Хрватска и Словенија. На обуката како гости […]

2008 – СЕДМА GLOBE ОБУКА

СЕДМА GLOBE ОБУКА – одржана од 20ти до 22ри октомври 2008 година, во Хотел „Полин” Стар Дојран. Реализирани беа практични вежби за областите: атмосфера, хидрологија и земјина покривка и беше објаснето електонското пополнување на протоколите на GLOBE серверот. Прв пат беа објаснети основните протоколи за почва, фенологија и GLOBE ноќе.Посебно внимание беше посветено на дискусија за тековните проблеми […]

2007 – ШЕСТА GLOBE ОБУКА

ШЕСТА GLOBE ОБУКА – одржан од 27 ми до 29 ти септември 2007 година, во Хотел „Срна” Маврово. На семинарот беа реализирани практични вежби за областите: атмосфера, хидрологија и земјина покривка и беше објаснето електонското пополнување на протоколите на GLOBE серверот. Посебно внимание беше посветено на дискусија за тековните проблеми за спроведување на програмата и ажурирање на GLOBE серверот.   

2006 – ПЕТТА GLOBE ОБУКА

ПЕТТА GLOBE ОБУКА – одржан во октомври 2006 година, во Скопје. Организиран е напреден курс за водители на GLOBE програмата и претставници на Мировниот Корпус во Македонија.

2006 – ЧЕТВРТА GLOBE ОБУКА

ЧЕТВРТА GLOBE ОБУКА – одржан од 11 ти до 13 ти мај 2006 година, во Струга. Организиран е почетен курс за обука на GLOBE наставници и претставници на Мировниот Корпус во Македонија.

2005 – ТРЕТА GLOBE ОБУКА

ТРЕТА GLOBE ОБУКА – одржан од 16 ти до 19 ти јуни 2005 година, во детското одмаралиште „Малешево„ во Берово, На семинарот се изврши обука на наставници кои ќе ја спроведуваат GLOBE програмата во училиштата во Македонија. Организатор на Семинарот е Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Мировниот корпус во Македонија и Министерството за наука и образование. На […]