GLOBE Програмата започна да се спроведува во Република Северна Македонија од 24 август 1998 година и за овој период GLOBE мрежата предизвика голем интерес меѓу учениците и наставниците од основните и средните училишта.
GLOBE Програмата во Македонија имплементира протоколи од сите пет главни области на истражување:
Исто така, се имплементира и меѓународната кампања за граѓани-научници, GLOBE ноќе,која започна во 2006 година. Истата има целда ја подигне јавната свест за влијание на загадувањето од светлината, со поканување граѓани-научници да мерат светлинско загадување и да ги достават податоците од мерењата за осветленост на ноќното небо на заедничкиот сервер.
Македонскиот информативен центар за животна средина го подготви и публикуваше изданието – GLOBE Водич за Учители, на македонски јазик, кое е достапно за сите учители и ученици во печатена и електронска форма преку веб страната на GLOBE Програмата. Исто така, во 2019 година, најмалку по еден отпечатен примерок беше испратен до сите средни и основни училишта во земјата.
Во рамки на Програмата обучени се неколку тренери на Меѓународни курсеви и организирани се семинари за обука на тренери во Северна Македонија од сите училишта вклучени во Програмата. Прва активност во спроведувањето на Програмата беше учеството на инволвираните наставници од македонските GLOBE училишта на меѓународниот семинар за обука на GLOBE тренери, што се одржа од 21-25 септември 1998 година во Самос Грција, во организација на GLOBE и Универзитетот во Атина. На овој семинар обучени се 7 GLOBE тренери за Македонија, чија задача беше да обучуваат наставници од останатите училишта кои сакаат да севклучат во Програмата.
Раководител на сектор
Македонски информативен центар за животна средина
Моб: 076 455 367
e-mail: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
Виш соработник во Македонски информативен центар за животна средина
Моб: 071344 350
e-mail: A.Dimishkova@moepp.gov.mk
Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3, 4ти кат, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Во Република Северна Македонија досега обучени се повеќе тренери на меѓународни GLOBE обуки. Дел од нив се веќе пензионирано, активните тренери во моментов ќе ги најдете на следниот линк:
Училиштата вклучени во имплементација на активностите од GLOBE Програмата ќе ги најдете на следниот линк:
Сите обучени професори кои се вклучени во имплементација на активностите од GLOBE Програмата во нивните училишта ќе ги најдете на следниот линк:
Со процесот на имплементација на GLOBE Програмата, директно се работи на подигање на јавната свест за потребата од мониторинг во повеќе медиуми на животната средина и испраќање на порака до целата јавност, за поголема грижа за нашето непроценливо природно богатство.
Одржливоста на оваа Програма овозможува поддршка на локалното население во повеќе региони во земјата, преку овозможување на пристап до податоци и информации, релевантни за сектори како што е земјоделството, кои директно влијаат врз ефикасноста на секторот, продуктивноста на примарното земјоделско производство и други социо-економски аспекти.
Ефикасното реализирање на GLOBE Програмата овозможува едукација на учениците за потребите од информации за состојбата, квалитетот и перспективата на животната средина и одржливиот развој– во однос на реалните економски сектори во Република Северна Македонија – овозможувајќи практично искуство и придонес во унапредувањето на образовниот систем, особено кога во редовната настава нема посебна образовна програма и курикулум за животната средина.
Капацитетите за ефикасна имплементација на GLOBE Програмата се дополнителен аспект на одржливост бидејќи одговорното управување и транспарентност при имплементацијата, ќе резултираат со долгорочен партнерски однос помеѓу донаторите на финансиските средства и ефикасното управување со целокупните материјални и човечки ресурси.
Добиените податоци и информации, кои резултираат од активностите на Програмата, во континуитет се објавуваат на GLOBE веб-страницата и се користат за научни истражувања од страна на повеќе светски институции, меѓу кои и NASA, ESA други.