ОБЛАСТИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ ВО РАМКИ НА GLOBE ПРОГРАМАТА

Програмата GLOBE предвидува редовни и континуирани мерења и набљудувања на учениците во непосредната околина на училиштето, во повеќе области. Собраните резултати се внесуваат во заедничка база на податоци, која е отворена и достапна за сите посетители на: www.globe.gov.

Нема ограничувања за прегледување и користење на базата на податоци, но само лицата кои поминале потребна обука можат да ги внесат податоците.

За да се одржи висока точност на податоците, GLOBE протоколите мора внимателно да се следат и да се користат само инструменти кои ги исполнуваат бараните спецификации. Исто така, сите податоци треба да се внесени според стандардите на GLOBE.

GLOBE Програмата има пет главни области на истражување:

Атмосфера

Атмосферските услови имаат значително влијание врз видовите на растенија и животни кои живеат во одредена област, како и формирање на почвата и за тоа нејзиното набљудување е од голем интерес за сите.

Во поглавјето Атмосфера разработени се 10 протоколи со различно ниво на тежина и учениците и професорите можат да изберат кои протоколи ќе ги работат.

Биосфера

Сите живи организми влијаат врз животната средина и се засегнати од состојбата на истата. Протоколите за биосфера нудат начини да се измерат сезонските промени, земјината покривка, употребата на земјиштето и количините на жива и мртва биомаса на површината на земјата. Мерењата за фенологија за време на сезонските промени на растенијата и животните даваат критични податоци за климата. Растенијата влијаат на интеракцијата помеѓу атмосферата и педосферата.

Во поглавјето Биосфера разработени се 11 протоколи со различно ниво на тежина и учениците и професорите можат да изберат кои протоколи ќе ги работат.

Хидросфера

Животот на планетата Земја зависи од водните тела (езера, реки, итн.), а од квалитетот на водата зависи за што може да се користи. Дали водата е безбедна за пиење? Дали водата е безбедна за капење? Дали може да се користи во земјоделството? GLOBE протоколите за Хидросфера овозможуваат со точни мерења да се следи менувањето на квалитетот на водните тела близу нас. Покрај тоа, температурата на водата може да влијае на локалната клима и времето и е во спрега со водниот циклус на системот на Земјата.

Во поглавјето Хидросфера разработени се 10 протоколи со различно ниво на тежина и учениците и професорите можат да изберат кои протоколи ќе ги работат.

Педосфера

Собирањето податоци за температура на почвата, влага и хемиски својства е непроценливо за научниците од многу области. Научниците за почвата ги користат податоците за подобро да ги разберат нивните потенцијали за раст на растенијата. Хидролозите ги користат податоците за да утврдат потенцијално таложење во водните тела. Метеоролозите и климатолозите користат податоци за почвата во моделите за временско и климатско предвидување, бидејќи почвите можат да влијаат на влажноста и на температурата на воздухот. Биолозите користат податоци за почвата за да го разберат нејзиниот потенцијал за поддршка на растителниот и животинскиот свет и антрополозите ја проучуваат почвата со цел да ја реконструираат човечката историја на една област.

Во поглавјето Педосфера разработени се 12 протоколи со различно ниво на тежина и учениците и професорите можат да изберат кои протоколи ќе ги работат.

Земјата како систем

Осознавањето на Земјата како систем почнува кога за прв пат ќе ја осетиме сончевата топлина или кога ќе накиснеме на дожд. Разбирањето на Земјата како систем, бара истражувања и мерења кои се меѓусебно поврзани во сите делови на системот. Мерењата и податоците од GLOBE Програмата, им овозможуваат на учениците да отпочнат со истражувањата кои ги спроведуваат за самите себе, но резултатите можат да ги споделат со другите.

Делови на Земјата се: јадро, слоеви, кора, површинскиот слој на почвата, океаните и слатката протечна вода (реки и езера), мраз и атмосфера. Процесите помеѓу споменатите делови и нивната меѓусебна поврзаност ги проучува физиката, хемијата и биологијата. Науките кои се занимаваат со земјата како систем се фокусираат на процесите кои се случуваат во атмосферата, океаните, слатките води, мразот, почвата (педосфера) и површинската вегетација, која ја поврзува почвата со атмосферата.

Во поглавјето Земјата како систем се вклучени протоколи од сите претходни области.

GLOBE водичот за наставници вклучува збирка информациина научна основа, протоколи за собирање податоци и активности за учење категоризирани по област на истражување (Протоколи). Оригиналните Протоколи на англиски начин се достапни на следниот линк: