ВКЛУЧИ СЕ

Училиштето заинтерсирано за вклучување во GLOBE Програмата потребно е да испрати писмо со намера до Националниот координатор потпишано од директорот на училиштето, преку архивата на Министерството или електронска пошта директно до Националниот координатор и неговиот заменик.

ОСНОВНИ ПРЕДУСЛОВИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА УЧИЛИШТАТА ВО ПРОГРАМАТА

Што треба да обезбеди секое училиште

Училиштата, како партнери во Програмата имаат обврска да:

  • обезбедат училница со компјутер или простор за „GLOBE катче“ и пристап на интернет за потребите на GLOBE секцијата во секое училиште, кое учениците и професорите ќе го користат за чување на хемикалиите, инструментите и останатите нагледни средства за имплементирање на Програмата
  • имаат најмалку еден професор кој е заинтересиран да биде обучен за да ја координира и спроведува Програмата во училиштето
  • има најмалку еден квалификуван наставник, чие име се појавува на страницата GLOBE поврзано со училиштето. Наставникот е одговорен за точноста на внесените податоци.

Што треба да обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерство за животна средина и просторно планирање, како Национален координатор – има обврска да:

  • обезбеди обука на заинтересираните професори
  • обезбеди основен кит на хемикалии и инструменти
  • го пријави заинтересираното училиште на меѓународната GLOBE страна.

Со пристапувањето во GLOBE Програмата, името на училиштето и основните информации за истото се појавуваат на светскиот список на училишта на веб-страницата GLOBE

Податоците за мерењата на животната средина, кои училиштето ќе ги внесе во базата на податоци GLOBE, стануваат јавно достапни и видливи во форма на нумерички табели, графикони и мапи. Вклучувањето исто така носи можност за поврзување со GLOBE училишта од други делови на светот, учество во кампањи и меѓународни проекти.

Национални GLOBE семинари

Министерството за животна средина и просторно планирање организатор е на националните GLOBE семинари. Со предавања и практични вежби се обработуваат сите области на истражување и електронско пополнување на протоколите на GLOBE серверот. Предавањата ги водат македонските GLOBE-тренери, а по потреба се поканувааат предавачи од други земји вклучени  во Програмата. Посебно внимание се посветува на дискусија за тековните проблеми за спроведување на Програмата.

Меѓународни GLOBE семинари за професорите

На меѓународно ниво претставници од GLOBE професорите во Македонија присуствуваат на меѓународни тренинзи за GLOBE тренери кои се одржуваат на годишно ниво. Овие професори подоцна имаат можност да аплицираат за GLOBE тренери, со што имаат право да ги обучуваат останатите професори во земјата.

GLOBE нуди онлајн модули за поддршка на обуката на наставниците кои прв пат се вклучуваат во Програмата.Детали за ваквиот начин на обука се дотапни на следниот линк.

За поедноставно користење на веб страната подготвени се веб-упатства кои имаат за цел да им помогнат на корисниците информации за навигација на конкретна веб-локација, внесување податоци, визуелизација и брзи совети за користење на веб-страницата.

Деталите се дотапни на следниот линк.